-Улогата на вицепремиер за борба против корупција е да ги координира извршните тела односно органите, министерствата, институциите и сето она што е под извршната власт без никаква тенденција да се меша во работата на судската власт. И таа битка е прва на која што сме насочени. Етички кодекс, работа по принципи и правила, воведување на нов концепт на работа, јакнење на тие капацитети за да испорачаат резултати, порача во емисијата Трилинг на 24ТВ вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски