Николовски: После повеќе од 50 години, мојот роден град на мое огромно задоволство добива комплетно нов Градски Плоштад

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури, Љупчо Николовски, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска ќе присуствуваат на настан поврзан со реализација на потпроектот „Крива Паланка источна порта кон Европа – Фестивалска туристичка атракција“.

Настанот ќе се одржи на градскиот плоштад во Крива Паланка и се реализира во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“, финансиран од Владата на Република Северна Македонија и на Делегацијата на Европската Унија, а во соработка со канцеларијата на Светска Банка

Крива Паланка добива нов модерен лик, истакна заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„После повеќе од 50 години, мојот роден град на мое огромно задоволство добива комплетно нов Градски Плоштад.
Особено ми е драго, што јас како граѓанин на Крива Паланка имав можност лично да учествувам во иницирањето и реализацијата на овој крупен и значаен капитален проект за мојот град“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e