Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски истакна дека после 20 години Република Северна Македонија има успешен, професионално спроведен Попис по сите меѓународни стандарди.
Граѓаните масовно учествуваа во попишувањето, честитки за тимот на ДЗС кој професионално ја изврши целата статистичка операција на терен, посочи Николовски.
„Оваа статистичка операција спроведена по сите европски стандарди е од исклучителна важност за граѓаните и за државата.Согласно Пописот на населението, ќе се креираат сите мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот,економски, здравствени,културни,образовни, социјални со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки“, нагласи Николовски.