Николовски со поддршка за регионалниот проект за унапредување на винскиот сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изрази силна поддршка за регионалниот проект на Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) и ЕБРД “Промоција на вината од Западен Балкан на меѓународните пазари”.

332964826_5963019907125442_6123887279840233034_n
-Овој проект има за цел зајакнување, промоција и развој на регионалниот вински сектор преку зголемување на можностите за извоз на вината од Балканските земји на светските пазари. Во рамки на проектот е и организација на Винската конференција за Западен Балкан која ќе се одржи во Скопје, на која учество ќе земат над 100 производители на грозје, вино, трговци, научни и истражувачки институции, порача министерот.
Пристапот до нови пазари, одржливост, а воедно и олеснување на трговските врски со странски купувачи е она за што како министерство силно се залагаме, додава Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e