Николовски со поддршка за Ковачевски: Убеден сум дека Димитар ќе ги продолжи успешните политики што ги започна Заев

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва од Штип ја дава поддршката за Димитар Ковачевски, за иден претседател на СДСМ.

„Само заеднички, одговорно и посветено можеме успешно да ги продолжиме социјалдемократските политики за подобар живот за граѓаните.
Вечерва од Штип ја давам поддршката за Димитар Ковачевски, за иден претседател на #СДСМ, за неговата програма која нуди мерки за развојна економија, подобар животен стандард, враќање на добербата на граѓаните во институциите“, истакна Николовски.

Николовски потенцираше дека со програмата #Заедно продолжува социјалдемократскиот економски концепт којшто се спроведува во изминатите четири години.

„Убеден сум дека Димитар ќе ја води партијата одговорно и посветено и ќе ги продолжи успешните политики што ги започна Зоран Заев.
На 12 декември да го избереме Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e