Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски потенцираше дека почитта кон медицинските лица треба да се покажува и во добро и во зло.
„Помогнете им сега кога им е најпотребно. Најголемата поддршка на овие модерни херои ќе ја дадеме со доследно следење на едноставните правила: не се групирај, носи маска, држи дистанца и миј раце“, истакна Николовски.