Николовски: Со почит го чествуваме роденденот на Конески, целосно посветени на неговиот аманет да го чуваме македонскиот јазик

-99 години од раѓањето на џинот од Небрегово, Блаже Конески. Македонската историја не памети друга личност која толку се вложила и која толку дала на македонската литература и книжевност, на македонскиот јазик. – порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски по повод 99 години од раѓањето на Блаже Конески.
-Неговиот придонес во кодификација на македонскиот литературен јазик, неговото учество во создавањето на граматиката и правописот на стандардизираниот македонски јазик, неговиот влог во македонската поезија со силни букви се врежани во македонската колективна меморија. – вели Николовски.
-Придонесот на Конески како прв претседател на Академијата на науките и уметностите, делата како почитуван професор и лингвист се трајни вредности за македонската наука. Со почит го чествуваме роденденот на Конески, целосно посветени на неговиот аманет да го чуваме македонскиот јазик како наша комплетна татковина. – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e