Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на сите граѓани од исламска вероисповед, им го честита Светиот месец Рамазан, период на духовно и телесно помирување.
„Нека овој празник Вам и на вашите ближни ви донесе, мир, спокој, верба и позитивна мисла. Ви посакувам лесни денови на пост, добро здравје, и многу љубов.
Нека е за многу години Рамазан и нека носи среќа во секој дом“, истакна Николовски.