Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски им го честиташе празникот Рамазан Бајрам на сите пријатели и граѓани од исламската вероисповед.
„Честит Рамазан Бајрам на сите мои пријатели и сите граѓани припадници на исламска вероисповед. Посакувам празничните денови да ги поминете во мир, среќа, радост и благосостојба, споделувајќи љубов и хармонија со Вашите најблиски“, напиша во честитката Николовски.