Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски им го честита денешниот празник на сите сограѓанки!
„Жените покажуваат дека знаат, умеат и можат, рамноправно и еднакво со мажите, да бидат застапени онаму каде се носат клучните одлуки и процеси“, истакна Николовски.
Никооловски нагласи дека како министерство силно се залагаат за што повеќе жени во земјоделството, преку бројни мерки и грантови ги поддржуваат и охрабруваат да се вклучуваат во земјоделството како една од клучните гранки.
„Цврсто стојам и ги поддржувам политиките каде жените се рамо до рамо со мажите, за родово еднакво општество, и за нивна целосна и еднаква економска, социјална и политичка застапеност.
Продолжете да бидете храбри, одлучни, инспиративни, успешни, продолжете да го менувате светот на подобро, како ЖЕНИ!“, посочи Николовски.