Николовски по повод Меѓународниот ден на мирот: Да направиме секој ден да е Ден на мирот!

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати честитка по повод Меѓународниот ден на мирот.

„Денес е 21-ви септември, Меѓународен ден на мирот, ден посветен на зајакнување на идеалите за мир и симбол на надежта за правичен и одржлив свет.
Овој значаен ден се прославува со традиционалното ѕвонење на Ѕвоното на мирот во седиштето на Обединетите Нации со кое државите повикуваат на 24 часовен прекин на насилствата и војните низ светот.
Во 2021 година, додека светот се справува со пандемијата од КОВИД-19, инспирирани сме да размислуваме креативно и колективно за тоа како да го трансформираме светот во праведен, инклузивен, одржлив и здрав свет.
Да направиме секој ден да е Ден на мирот!“, се вели во честитката на Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e