-Рамката за соработка за одржлив развој 2021-2025 со Обединетите Нации е потврда за нашата посветеност за спроведување на препораките, усогласување на националните политики и цврста волја за создавање просперитет на сегашните генерации, без загрозување на можностите на идните генерации, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
-Вложуваме огромен напор и посветено работиме на одржливиот развој во сите негови форми и сегменти. Се залагаме за издржливо општество во кое владее рамнотежа помеѓу еконмскиот развој, социјалниот прогрес и животната средина. Денес, сѐ е во човечките раце. Да бидеме успешен пример во создавање здраво, напредно и успешно општество! Честит Ден на планетата Земја!, пишува вицепремиерот.