Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски им го честита празникот на сите пријатели Бошњаци.
„На Денот на Бошњаците, го честитам празникот на сите мои пријатели Бошњаци.
Фер и еднакво општество е основната цел на оваа Влада, негувањето на културите и богатството на сите заедници е приоритет за градење доверба и искрено пријателство.
Заеднички, да дадеме придонес кон реализација на подобро утре за нашата држава и сите граѓани“, истакна Николовски.