Денеска, по повод деветгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, се сеќаваме и ги вреднуваме државните достигнувања кои претседателот Глигоров ги отвори за нашата земја.
Заложбите за напредок на државата, неговите државнички политики, изградија значајни пријателства, отворија соработка и создадоа заедништво внатре и во светот, со што јасно ја постави насоката и го зацрта патот на интеграцијата и развојот. Евроатлантскиот пат кој денес го продолжуваме.
Претседателот Глигоров беше и останува почитуван политичар и државник во регионот и светот чие искуство и мудрост и денес се вреднуваат и ценат. Слава му! – порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод 9 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија.