Кампањата „Здрав оброк за секое дете“ денеска го има својот официјален почеток. Од утрово, низ сите градинки во државава веќе пристигнуваат првите пратки со домашно македонско овошје. За секое дете, по еден килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

– Кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа, произведени во нашите овоштарници, под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста, од денеска па се до декември, редовно, еднаш неделно, ќе се дистрибуираат до сите градинки, за сите 38.000 деца. Денеска поделивме 150 килограми кајсии за 150 деца колку што згрижува клонот “Панорама” на градинката Кочо Рацин. Секое дете доби по еден килограм. Нека им се наздравје, порача Николовски денеска од градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ во скопски Центар.
