Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека пишуваме историја! Со 66 гласа, законодавниот дом и даде зелено светло на одлуката за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.
„Мораме одговорно кон природата, мораме одговорно кон татковината. Ниту едното ниту другото може некој да ни го замени“, нагласи Николовски.
