Николовски: Оваа година срушивме рекорд и доделивме 67 договори за организација на локалани манифестации

Утрово во село Герман, Општина Ранковце, во црквата „Света Троица”, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со министерот Оливер Спасовски и градоначалникот на Крива паланка Сашко Митовски присуствував на утрена Света Божествена литургија по повод започнувањето на Богородичните пости и празникот Свети седум маченици Макавеи каде има и голем народен собир.
– Среќен сум што нашиот народ знае да ја почитува традицијата и да го чува наследството од нашите баби и дедовци, а тоа е пред се почит кон нашата вера и чувар на нашата иднина. Заедно со моите сограѓани од Ранковце го одбележуваме овој голем ден, овој голем празник на седумте Свети браќа Макавеи, порача министерот Николовски.
– Оваа година срушивме рекорд и доделивме 67 договори за организација на локалани манифестации, меѓу кои е и денешна културна манифестација „Вкусот на Макавеи“ која ја поддржавме за прв пат, со сума од 119.900 денари. Ваквите локални манифестации испраќаат силни пораки за зачувување на традицијата, културните обичаи, домашната храна и природните убавини.
Нека е за многу години денешниов празник Макавеи, нека донесе богат род и убаво време преку целата година, за да имаме родни ниви и полни амбари, објави Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e