Сега сме пред нов тест како држава и ова е една од најнезивесните економски години после Втората светска војна, како резултат на светските економски текови, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
„Сите треба да работиме во правец како не да збориме за луксус, туку како да скратме секаде каде што може за да опстане економијата. Затоа владините институции во најширок формат постојано ќе разговараат и ќе се креираат мерки. Утре имаме четири владини седници“, посочи Николовски.
Николовски нагласи дека имаме најниски цени на деривати во целиот регион.
„Работата е сега како да опстанеме. Треба да ги минимизираме очекувањата. Ова е тежок период и владата со сите напори и капацитети треба да ги креира мерките“, рече Николовски.