Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари работна средба со новиот директор на УСАИД, во Република Македонија, Дејвид Атебери. На средбата се разговарало за тековните проекти и идните планови на УСАИД, во земјава, во делот на поддршката на македонското земјоделство.
Дел од проектите што се спроведуваат со поддршка на УСАИД, е гарантната шема која на земјоделските производители и преработувачи ќе им овозможи полесен пристап до кредити, но и регионалниот проект за економски развој во кој е вклучена Република Македонија.
Воедно, од УСАИД информирале дека е подготвена физибилити студија за системите за наводнување, но и дека ќе обезбедат поддршка за руралниот развој преку пристапот „Леадер“, како ИПАРД ,мерка за рурален развој.
Од страна на министерот, биле презентирани приоритетните политики на Владата, за развој на земјоделството.