Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со потпретседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, беа во посета на еден успешно реализиран проект со пари од ИПА фондовите, а наменет за Државната фитосанитарна лабораторија – ДФЛ.
Станува збор за софистицирана лабораториска опрема намената за анализи на резидуи од пестициди во органското и во конвенционалното производство, што е клучно за извозно орентираните компании кои произведуваат и извезуваат овошје и зеленчук на европските пазари.
– Ова е позитивен пример за искористеност на парите од европските претпристапни фондови. Како Влада, интензивно работиме на анализа на слабостите и можностите за поголема апсорпција на парите од европските фондови, што е важно за развој на македонското земјоделство, потенцира министерот Николовски.