Николовски: Опозицијата треба да помогне и да се вклучи со поддршка и помош за креирањето на мерки

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во денешното гостување во вестите на Канал 5 ТВ, порача дека опозицијата треба да помогне и да се вклучи со поддршка и помош за  креирањето на мерки.

-Јас одржав неколку средби на Факултетот за змејоделство во Скопје, таму се и професори и кои се дел од партиските структури на опозицијата меѓутоа дадоа придонес. Сите подсекторски групи се целосно мобилизиарни. Одржавме средби на терен уште од првиот ден и ги наоѓаме решенијата. Повикот кон опозицијата е да дадат сите поддршка со својата идеа, со своите предлози конструктивни да помогнеме на граѓаните и, на сите нас, со оваа економска, енергетска и ценовна криза. Да не зборавиме сето тоа се прави во време кога имаме војна на нашиот континент. Одговорно е да работиме за граѓаните, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e