После 17 години чекање имаме историска шанса да одиме напред, и да обезбедиме европска иднина за нашите граѓани, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Денеска и официјално ги отворивме преговорите со ЕУ, со почетокот на скринингот, посочи Николовски.
„Преговорите и целиот процес на преговори за членство во Унијата е државен и национален проект, кој ќе ја трансформира државата на подобро.
Продолжуваме посветено да работиме во интерес на државата и на граѓаните.
Македонската иднина е европска“, нагласи Николовски.