Николовски од Виена: Македонското вино е најдобар промотер на нашата земја

Во Виена го презентираме концептот на ОтворенБалкан, ги презентираме нашите најубави македонски вина пред најреномираните новинари, познавачи на виното, бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија, објави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

374217733_844184553742049_7655551155113897036_n
– Wine Vision е оригинален и возвишен настан со кој го славиме животот под нашето балканаско небо. На овој прекрасен настан, на покана од мојата колешка министерката за земјоделство на Србија Јелена Танасковиќ, имаме можност да покажеме дека македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, порача Николовски од Виена.

376798504_844184487075389_5737601424010846632_n
Визијата која ја имавме пред неколку години, за тоа како треба да функционира Балканот, ја преточивме во Отворен Балкан. Денес е наша успешна приказна, а тоа најдобро ќе го докажеме преку вкусот на нашите благородни вина, вели министерот.

374184470_844184413742063_1076323210270265590_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e