Машината на СДСМ е во погон и нема да застане се до новата победа на локалните избори, посочи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва од Велес.
„Енергијата вечерва во Велес, резултатите од анкетите, реализираните проекти, сето тоа покажува дека СДСМ е убедлив фаворит и извесен победник на овие локални избори, како во Велес, така и во другите општини.
Развојот, инвестициите во Велес ќе продолжат, гарант за тоа е СДСМ со својата понуда и концептот што води напред“, нагласи Николовски.