Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вечерва на средбите со земјоделците од охридскиот регион разговараше за актуелните состојби во земјоделството, нивните предлози и мерките кои како Влада се преземаат за развој на секторот.
Обезбедувањето на сигурен пласман за земјоделските производи е една од нашите приоритетни политики на која посветено работиме. Оваа цел ќе ја постигнеме преку низа активности кои овој и во следниот период ќе ги спроведуваме, потенцира Николовски.
Тој нагласи дека преку мерките од ИПАРД 2 Програмата и Програмата за рурален развој се создаваат услови за развој на преработувачката индустрија, со цел да се реши проблемот со вишокот производи, да се обезбеди сигурен пласман за земјоделските производи, повисоки откупни цени преку продажба на производи со поголема додадена вредност.