-Тутунарите ќе ги добијат субвенциите навреме, пред почетокот на новата производствена сезона, исплатата ќе биде деновиве за сите тутунари. Општина Кривогаштани е еден од поголемите региони за производство на тутун. На денешната средба со градоначалникот, земјоделците и претставниците од подрачната единица разговаравме и за сегашните и идните мерки за развој на производството на млеко и пиперка, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.