Генералниот секретар на СДСМ,Љупчо Николовски денеска оствари конструктивен и плоден состанок со Општинскиот изборен штаб во Гостивар.
СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина, истакна Николовски.
„Делата зад нас, над 7.000 реализирани проекти на локално ниво, ширум татковината, се нашата основа од која тргнуваме да ја бараме довербата на граѓаните за овие избори.
Подготвени сме и мотивирани да продолжиме да работиме уште повеќе посветено за да продолжи развојот на секоја општина, за да продолжи напредокот на државата“, истакна Николовски.