Николовски од Белград: Македонското вино е најдобар промотер на нашата земја

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски учествува на вториот меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан”, кој до 18 ноември се одржува во Белград.

402626362_879248066902364_6819721098548632869_n

За разлика од минатата година кога на овој саем како држава се претставивме со 45 изложувачи, оваа година имаме скоро дуплиран број на изложувачи, или вкупно 74 македонски винарии и дестилерии со своите производи се презентираат на вториот по ред вински саем на Отворен Балкан.

– Ова е вистинска промоција на културолошките и идентитетските обележја, традиции и обичаи, како и поттик за домашната економија што значи поголем извоз, откуп и нови пласмани за македонските производи.

Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој.

402203394_879228090237695_2797188360719469458_n

Имаме можност пред бројните посетители, вински познавачи и екперти од целиот свет, да го промовираме нашето убаво македонско вино и да отвориме нови можности и нови пазари за нашето вино, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e