Николовски: Нулта толеранција за нетранспарентно работење, неодговорност кон граѓаните и расипничко трошење

-Чест ми е што на денешната владина седница ми е доделена довербата и сум назначен за спроведување и следење на процесот на почитување на новиот Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции, порача вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски кој на денешната владина седница беше назначен за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

-Денеска првично сите членови на Владата, ја потпишавме Изјавата за прифаќање на одредбите од новиот етички Кодекс. Изјавата ќе ја потпишат и сите други функционери назначени од Владата, вклучувајќи ги и директорите на самостојни органи, директори и членови на одбори на јавни претпријатија, раководни лица во акционерски друштва во државна сопственост. – соопшти Николовски.

Меѓу другото, измените на новиот Кодекс предвидуваат построги правила во делот на одговорноста и транспарентноста:

📌На секои шест месеци сите функционери треба да доставуваат извештаи за службените трошоци;
📌Функционерите треба да ги објават сите податоци за својата работа и работата на својата веб-страница;
📌Функционерите треба јавно да објавуваат записник за средбите кои ги имаат лоби организации и ќе бидат обврзани да го пријават секој сомнеж дека се во состојба на конфликт на интереси.

Нулта толеранција за нетранспарентно работење, неодговорност кон граѓаните и расипничко трошење. – дециден е вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e