Николовски: Со новиот модел на субвенционирање правиме значајни измени и во сточарството

Со новиот модел на субвенционирање правиме значајни измени и во сточарството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во денешното гостување во Студио10 на ТВ24.

„Промената која ја предлагаме предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ќе даваат месо и млеко и тука е предвидено зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 1700 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека дополнително со новиот модел сакаат да ја забрзаат исплатата за произведеното и предадено млеко и работат на тоа да креираат систем каде исплатата на оваа мерка нема да доцни и ќе биде на месечно ниво.

„Новиот модел содржи и нови мерки за поголема контрола и намалување на сивата екиномија, врзувајќи ги земјоделците производството да го предадат во регистрирани домашни капацитети или земјоделски задруги.

Во последните неколку дена се исплатени околу 10 милиони евра кон сточарите. Оваа година ќе биде прва година во која комплетно ќе ги исплатиме сите фази кон сточарството“, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e