Николовски: Нови 5 милиони евра денес легнаа на сметките на земјоделците

Нова реализација на исплата на субвенции.

Денеска исплативме 300 милиони денари, субвенции по поднесени барања за градинарство, сточарство, полјоделство, лозарство, овоштарство и рурален развој.

Околу 40 милиони денари, се исплатија за субвенции за одржување на површини со градинарски култури, 60 милиони денари за грло овци, за субвенции за засеани површини со полјоделски култури се исплатени 64 милиони денари. Останатата сума е за субвенции за грло говеда, за млеко, за одржување на лозови и овошни насади. По Програмата за рурален развој се исплатени 11 милиони денари субвенции за набавка на приплодни грла, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e