Николовски: Нова владина одлука – се спречува злоупотребата на службените возила

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, соопшти дека е направен успешен чекор против злоупотребата на службени возила!

Со новата владина одлука, секое користење мора да биде одобрено, оправдано и наменско, истакна Николовски.

Николовски нагласи дека нема одење дома со истото или пак возење и паркирање за лични потреби вон работа.

„Сè ќе биде транспарентно и сè ќе се почитува.Продолжуваме да работиме во правец на кратење на непотребните бенефиции на функционерите, како што претходно тоа го направивме со ограничувањето на угостителските услуги, како и надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија ширум земјата#, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e