#НосамМаска затоа што се грижам за себеси и моите блиски, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Последиците од најмала негрижа можат да бидат огромни. Подобро е да сме внимателни, подобро е да издржиме и да се придржуваме до овие малку правила кои ја прават целата разлика во тоа дали ќе излеземе од сето ова со мали или огромни последици: не се групирај, носи маска, држи дистанца и миј раце“, нагласи Николовски.