Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на социјалната мрежа Фејсбук објави убава вест по серијата неочекувани настани кои се случија во неговата матична партија кога негови партиски колеги добија позитивни тестови на коронавирус.
Николовски им изрази искрена поддршка на своите партиски другари, но испрати и моќна порака до сите граѓани во државата.
“Стигнаа резултатите од тестот за Ковид-19 и со Андријана сме за среќа, негативни на истиот.
Давам огромна поддршка за партиските другари на кои нема да им биде лесно периодов во изолација. Останете силни 💪
На сите вас останати мои пријатели, ви посакувам здравје и само добро. Заедно да ги пребродиме маките. Никому не му е лесно, но мораме да стиснеме заби и да ја добиеме битката. Почитувајте ги мерките, доаѓаат подобри времиња. Ќе има време и за прослави и за собиранки и нови фотографии (оваа 📸 ни е од архива).
А богами, ќе имаме и убави поводи 🇲🇰🇪🇺!
Но прво, мора да сме цврсти, решителни и да истраеме во заедничката борба против пандемијата. Без исклучок да ги почитуваме трите правила:
📍Одржувај физичка дистанца од 1,5 до 2 метри
📍Задолжително носи заштитна опрема
📍Често миј ги и дезинфецирај ги рацете” – порача Николовски.