Николовски: Нема простор за паника, ги правиме сите анализи за нашата трговска размена со Русија и Украина

Ги правиме сите анализи за нашата трговска размена со Русија и Украина, како и за производите кои неколку години наназад беа најзастапени во извозот таму, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Николовски нагласи дека се разгледуваат сите алтернативни решенија и министерството за земјоделие интензивно работи на оваа проблематика“

Тој додаде дека се преземаат мерки за да се обезбеди пласман за овие производи, а резултатите од тоа ќе се видат во следниот период.

„Во постојана комуникација сме со амбасади, како и со коморите и се разгледуваат сите можни сценарија. Нема простор за паника, земјоделците знаат со колкава посветенсот и грижа работиме на проблемите.

Потребна е смиреност и повика да не се крева паника за проблемот кој го немаме“ рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e