Николовски: Нека е честит Денот на полето и нека носи полиња полни жито

Убаво е чувството да се гледаат ширни житни полиња, токму на Денот на полето, изворот на нашата храна. Драго ми е што присуствувам на традиционална манифестација, во организација на АГРОСТАРТ која е успешна компанија и се занимава со продажба на сите видови вештачки ѓубрива, семенски матријали и сточна храна.
Користењето на сертифициран семенски матријал, примена на добри агротехнички практики, и употребата на сорти отпорни на климатските промени и болести е клучот за успех, за поголем и поквалитетен принос.
Ние постојано повикуваме на едукација и промени напуштање на старите начини на производство и адаптација кон климатските промени и европскиот пазар. А она што го прави Комбинатот “Клечовце” и задругата “Агростарт” е практичен пример кој треба да биде пример за сите.
Нека е честит Денот на полето и нека носи полиња полни жито.
ФБ статус на министерот Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e