Николовски: Нашето производство на пченица од година во година се зголемува, преземаме мерки, граѓаните не треба да се грижат

„Ако 2017 сме имале 193.000 тони производство во 2021 имавме 255.000 тони. Значи нашето производство од говдина во година се зголемува.

Дури и оваа година очекуваме согласно површините кои се пријавени и реализирани во сеидбениот план околу, т.е над 260.000 тони пченица од новата сезона.

MЗШВ е подготвено не само за овие тековни предизвици туку и за креирање на долгорочни политики меѓутоа фокусот е како да обезбедиме храна и граѓанте не треба да се грижат, треба да имаат доверба во институциите, навремено се преземаат сите чекори и мерки.

Се следат анализи и се даваат насоки, како со ДКП-ата, како со сите министри од регионот. На дневна основа креираме мерки и политики“ рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на утринска програма на националниот сервис, МРТ.

Ќе се обезбедат алтернативи за секое земјоделско произвдоство и храна ќе има доволно и стратешките култури секако дека ќе ги има, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e