Одржувањето на овој дигитален Конгрес , на еден нов, современ, поинаков начин, за прв пат во нашата татковина ме прави посебно горд! Не затоа што имам чест да бидам избран за генерален секретар на партијата и сега го организираме. Не затоа што за прв пат се одржува во земјава. Затоа што уште еднаш #СДСМ докажува како се однесува најпрогресивната, најсилната, најорганизираната и најодговорната партија! – истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по обраќањето на 25. Конгрес на СДСМ.
Зад нас е многу значајна победа на парламентарните избори, формирање мнозинство и раководни структури во институциите за повторно, со нов мандат од граѓаните да им служиме, и на граѓаните и на нашата татковина.
Покажавме дека тимската работа, фокусирање на интересот на татковината и граѓаните заедно со воспоставување на функционален систем е клучот на успехот. – рече Николовски.
За статутарните измени кои денеска ги предлагаме, покрај слободата, еднаквоста и солидарноста како основни социјалдемократски и демократијата како цивилизациска вредност, ја додадаваме и ПРАВДАТА. Правдата и економијата се основните обележја на трајната посветеност на нашата партија.
Ние сме нова генерација на политичари која пред себе ја има можноста да креира нов профил на политичари, нова дефиниција за политичар. Политичари кои се водат според етичкиот кодекс, политичари со висок морал, кои сами на себе треба да бидат најсилна контрола.
Јасно ќе ја декларираме и нашата основна цел – гарантирање на благосостојбата на граѓаните, одржлив општествен и зелен развој и еднаква грижа за сите граѓани.
Нема застанување, фокусирани сме на граѓаните.
Од нив го црпиме легитиметот и за нив постоиме, да реализираме што повеќе од нашата програма, да решиме што е можно повеќе проблеми.
СДСМ е партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти, нови начини на работа.
СДСМ станува партија која е пример за другите во државата, но и во регионот, во поглед на начинот на функционирање, на делување, во начинот на размислување.Заедно, можеме да постигнеме се.Продолжуваме уште повеќе и уште подобро!
Ве повикувам заедно да продолжиме по патот кој го трасиравме, по вистинскиот пат. Не само затоа што можеме уште повеќе и уште подобро! Пред се, затоа што сакаме! – децидно порача Николовски.
Само со СДСМ е можна слободата, само со СДСМ е можна демократијата, правдата, редот, економскиот напредок и вистинскиот патриотизам, заклучи тој.