Николовски: Најважно за одржливост на преработувачката индустрија е развојот на договореното производство

Денеска во Струмица имавме средба со претставници од преработувачката индустрија со коишто ги анализиравме моменталните состојби, ги слушнавме нивните предлози се со цел да продолжиме да креираме мерки за развој на оваа гранка, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Најважно за одржливост на преработувачката индустрија е развојот на договорното производство како и окрупнување на земјоделските парцели. Радува фактот за раст на извозот на конзервативната индустрија којшто е постигнат минатата година од над 74 милиони евра, но наша обврска е да бараме алтернативи за нашите земјоделски производи особено со последните случувања во Украина и Русија“, истакна Николовски.

Николовски посочи дека како министерство даваат силна поддршка преку бројни мерки, тоа е моделот за сигурен пласман и домашна квалитетна суровина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e