Николовски на видеоконференција со министрите за земјоделство од регионот: Владите да се воздржат од воведувања на унилатерални мерки од било каков вид

Денеска на иницијатива на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се одржа видеоконференција со министрите за земјоделство од регионот на кој се разговараше за случувањата со војната во Украина и потенцијалните влијанија на тековната геополитика врз земјоделскиот сектор на земјите од регионот.
-Заеднички заклучок е дека граѓаните на Северна Македонија, како и граѓаните од регионот не треба да бидат загрижени. Земјите од регионот имаат отворена соработка и се заложуваме за одржување на стабилноста во снабдувањето со храна, порача Николовски.
Министерот рече дека било потенцирано дека регионалната соработка треба да продолжи и владите да се воздржат од воведувања на унилатерални мерки од било каков вид.
-Министрите од регионот ја поздравија иницијативата и се согласија дека соработката помеѓу земјите од регионот треба да биде ефикасна и функционална, а граѓаните од сите држави од западен Балкан да бидат сталожени бидејќи заедно работиме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна, заклучи министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e