Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Мирослав Томан.
„Денеска ми беше задоволство повторно да остварам пријателска средба со силен поддржувач на развојот и напредокот на земјава, неговата екселенција, господинот Мирослав Томан„, истакна Николовски.
„Амбасадорот Томан имаше да сподели квалитетни и издржани мислења за напредокот кој го има постигнато земјава. Нашата успешна соработка бележи почетоци во периодот на мојот мандат како Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и се надевам дека истата ќе биде пресликана и во областа на борбата против корупцијата.
Благодарни сме кон благонаклоноста и најавуваме продолжување на нашата плодна соработка.
