Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со претставници од “Перутнина Птуј”, реномирана словенска компанија со долгогодишна традиција, една од најважните производители на живина во Централна и Источна Европа.
-Словенија е меѓу петте најголеми инвеститори во земјава. Ги отвараме можностите за инвестирање во нашата земја, за развој на живинарството, а со тоа и поголемо производство на живинско месо кое би ги задоволиле потребите на домашниот пазар и истовремено би се зголемиле можностите за извоз на квалитетно живинско месо во другите земји, порача Николовски по средбата.

