Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска се сретна со претседателот на Управен суд, Бурим Сејдини. На средбата се осврнаа на состојбите на Управниот суд на Република Северна Македонија, особено од аспект на просторни, кадрови и финансиски капацитети.
„Управниот суд има клучна позиција како контролор на законитоста на управните акти и дејствија на сите јавни органи и е единствен првостепен суд со месна надлежност на целата територија на државата. Колку Управниот суд е поефикасен, толку и администрацијата ќе чувствува должност за внимателно постапување и одлучување во согласност со законите. Како таков, овој суд има суштествено влијание во градењето на систем на владеење на правото и треба да биде значително зајакнат.“ – порача Николовски по средбата.