Николовски на средба со претставници од проектот на USAID за развој на деловниот екосистем

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше средба со претставници од проектот на USAID за развој на деловниот екосистем.

Овој проект дава значајна поддршка во земјоделскиот сектор, особено во сточарството, преку модернизација на краварските фарми со воведување на нови технологии во молзни системи и мониторингот на благосостојбата на животните, истакна ННиколовски.

Николовски посочи дека во следниот период ќе ја интензивираат соработката, во насока на подобрување на вредносниот синџир со што ќе придонат за додадена вредност на примарното производство, како едно од нашите стратешки приоритети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e