На денешната средба со министерот за земјоделство на Црна Гора Владимир Јоковиќ, и премиерот Дритан Абазовиќ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски им го пренесе позитивното македонско искуство и одличните резултати кои Република Северна Македонија ги постигна со ИПАРД2 и со Иницијативата Отворен Балкан.


– Како лидери во регионот по искористенот на ИПАРД средствата ги охрабрив да го следат нашиот пример и полесно да ги надминат предизвиците кои ние ги решававме во од. Со силна посветеност и со постојана промоција на успешни приказни, сигурен сум дека ќе се мотивираат многу бизнис ориентирани млади луѓе, приватни фирми и земјоделци. Но, за тоа треба навистина силна поддршка од државата и огромна активност на терен, посочи Николовски.

-Нашата земја ќе даде силна поддршка на пријателска Црна Гора и со задоволство ќе го делиме лидерското место со вас, додаде министерот.
