Во рамки на Конференција на ФАО, министерот за земјоделство Љупчо Николовски одржа билатерална средба со неговиот колега од Азербејџан, Majnun Mammadov на кого Николовски му ја честиташе новата функција и му посака успешна работа.
Николовски рече дека од особен интерес во разговорот предизивикала реформата во земјишната политика со посебен акцент на програмата за консолидација на земјоделското земјиште, со која нашата земја е лидер во регионот во решавање на проблемите со малите фрагментирани парцели, кои оневозможуваат примена на современи технологии и унапредување на производниот процес.
-Разменивме искуства за развој на земјоделскиот сектор, и инициравме нови можности за соработка помеѓу нашите две земји. Очекуваме посета во брзо време се со цел да ги запознеме со новите мерки кои ги спроведуваме како министерство, истакна Николовски.