Николовски на средба со Лукаревска: Меѓуинституционалната соработка е клучна за градење на функционален систем ослободен од корупција и сива економија

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„Управата за јавни приходи има значајна улога во борбата против корупцијата и криминалот. На денешниот состанок со директорката, Сања Лукаревска разговаравме за улогата на УЈП во борбата против корупцијата и криминалот, особено во делот на спречување на даночните затајувања, што е важно за одржлив даночен систем“, истакна Николовски.
Nikolovski1„На средбата дискутиравме и за начинот на зајакнување на техничките и кадровските капацитети на УЈП се со цел ефикасна и целосна даночна контрола.
Меѓуинституционалната соработка е клучна за градење на функционален систем ослободен од корупција и сива економија. Заеднички ќе се фокусираме на борба против сивата економија, корупцијата и еднаква примена на законите за сите субјекти и граѓани“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e