Николовски на средба со колегите од ОН: Построги контроли на скопскиот аеродром заради спречување на организиран криминал и тероризам

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска се сретна со шефот на канцеларијата на Обединетите Нации за наркотици и криминал UNODC, Бил Вуд, координаторот за гранично управување, Владимир Пивоваров и регионалниот советник за антикорупција и заплена на имот од регионалната канцеларија на UNODC, Вирџинија Де Абаџо Маркес.

На состанокот се разговарало за активностите за спречување на корупција, организиран криминал и тероризам на скопскиот аеродром.
„На состанокот имав можност да се запознаам со деталите од „Проектот за комуникација на аеродромите заради спречување и борба против криминал и тероризам (ЕРКОП), подготвен од #UNODC. Проектот предвидува построги контроли на скопскиот аеродром, преку поголема екипарност на кадарот од надлежните институции, формирање на специјална единица од царински и полициски службеници како и од останатите институции кои имаа ингеренции, а со цел спречување на корупција, организиран криминал и тероризам.“ – порача Николовски.

„Како Влада, подготвени сме за соработка со секоја меѓународна организација, вклучително и со #UNODC, кои ќе ни помогнат во целиот процес на борбата против корупцијата и криминалот.“ заклучи вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e