Николовски на средба со главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските извештаи се важни во целиот процес на превенирање на корупцијата

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со главниот државен ревизор, Максим Ацевски, од каде истакна дека Државниот завод има важна улога во спречувањето на корупцијата во државните институции.

Николовски со Ацески разговарале за моменталната организациска поставеност на ДЗР, соработката со другите надлежни институциите и идните активности.

„Владата ќе помогне во зајакнување на кадровскиот и техничкиот капцитет на ДЗР, како тело чиишто ревизорски извештаи се важни во целиот процес на превенирање на корупцијата. Владата отвори фронт против криминалот и корупцијата, а во целиот процес важни ни се сите институции за да обезбедиме редот и законот да важат за секого.“ – истакна вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e