Вицепремиерот за броба против корупција Љупчо Николовски денеска оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани. На состанокот се разговарало за зајакнувње на процесот на дигитализација, екипираност со човечки ресурси и ефикасно извршување надлежности.
„Воедно, разговаравме и за целокупниот начин на управување со конфискуваниот имот во кривична и прекршочна постапка. Меѓуинституционалната соработка е клучен фактор со цел да се обезбеди целосна грижа за конфискуваниот имот и предмети. Јавноста и транспарентноста на постапките за управување со имотот се главна цел за успешно работење на оваа институцијата, којашто има важна улога во целокупниот процес на функционирање на државата.“ – рече Николовски по состанокот.